Вашиот компјутер ги памети и ги чува корисничките имиња и лозинките што ќе ги внесете во него. Но, дали знаете каде се наоѓаат и како можете да стигнете до нив? Краткиот водич во продолжение ќе ве научи како да ги најдете лозинките сочувани во оперативниот систем „Виндоус“ (изданија 10, 8 и 7) и да ги менувате, бришете или да додавате нови.
Како да ги најдете зачуваните кориснички имиња и лозинки во „Виндоус 10“?
Во опцијата за пребарување на компјутерот напишете cmd.
Ќе ви се појави прозорец од „Command Prompt“.
Во тој прозорец напишете rundll32.exe keymgr.dll,KRShowKeyMgr.
Ќе се појави прозорецот „Stored User Names and Passwords“ со сите ваши снимени кориснички имиња и лозинки. Тука можете да ги отстраните постојните, да додадете нови или да ги менувате.
Ако сакате да направите безбедносна копија (backup), кликнете на „Back up“ и следете ги упатствата.
Како да ги најдете зачуваните кориснички имиња и лозинки во „Виндоус 8“ и „Виндоус 7“?
Кликнете „Start“, па отворете „Control Panel“.
Кликнете „User Accounts“.
Изберете „Manage your Credential“. Ќе се појават сите ваши зачувани кориснички имиња и лозинки. Можете да ги отстраните постојните, да додадете нови или да ги менувате, како и да направите безбедносна копија или да ги повлечете оние за кои сте направиле безбедносна копија.