Илјада пати сте слушнале за изразот “крокодилски солзи“. Еве зошто во народот се вели лиеш “крокодилски солзи“.
Тоа е фраза која значи лажно сожалување, лажно сочуство, крајно лицемерие. За човек кој се преправа дека е ожалостен поради нечија несреќа, а во суштина многу се радува на тоа, и јавно ја оплакува жртвата се вели дека лее крокодилски солзи.
Крокодилот е крволочен ѕвер, и навистина е чудно дека воопшто може да плаче, а не и некого да сожалува. Затоа на прв поглед, тешко е да се свати коко лажните солзи се поврзани со крокодилот.
Но, има причина за тоа . Крокодилите навистина понекогаш плачат, но не од тага и жалост, затоа што солзите и плувачката жлезда се во тесна врска, па кога ќе го изедат пленот, рефлексно солзат, пуштаат големи солзи.
Народи кои живеат во краеви каде има крокодили ја забележале таа појава, па почнале да варуваат дека дека крокодилите го оплакуваат својот плен. Од тука доаѓа изразот крокодилски солзи, со значење: “лажни солзи, “лажно сожалување“.
Покрај крокодилските солзи постои и израз крокодилско смеење, со значение „лажно, неискрено смеење“.
Лесно е да се објасни како настанал тој израз. Бидејќи крокодилските солзи се “лажни солзи“, придавката крокодилски добил значение – “лажен“, па така и лажното смеење станало – крокодилско смеење.