Дали знаевте? Еве како се формираат снегулки и зошто ја имаат таа форма

ИЗВОРНов Лист
|

Сè има своја научна страна.

Снегулките се меѓу најубавите креации на природата. На многумина од нас ќе им треба многу време за да смислиме толку убава форма како секоја снегулка.

Во секоја снежна бура, безброј снегулки паѓаат на земја – од кои ниту една не е иста.

Сепак, дали знаете зошто снегулките ја имаат оваа уметничка форма со шест краци?

Кога водата замрзнува, таа формира кристали. Тоа значи дека молекулите се распоредени на посебен начин или добиваат одредена геометриска форма, која всушност ја нарекуваме кристал.

Молекулата на водата се состои од три единици – два атоми на водород и еден атом на кислород. Затоа, кога оваа молекула се кристализира, таа мора да формира или тристрани или шестстрани фигури.

Водата која се замрзнува и се претвора во снег е во атмосферата во форма на водена пареа. Кога се замрзнува, кристалите се толку мали што не можат да се видат.

Додека се движат нагоре и надолу, кристалите почнуваат да се собираат околу нешто, што може да биде честичка прашина или мала капка вода. Групата кристали расте, така што наскоро стотици кристали се собираат околу едно јадро.

Кога таквата група ќе стане доволно голема, таа почнува да се спушта на земја и ја нарекуваме „снегулка“.

Големината најмногу зависи и од температурата, колку е постудено, толку се помали снегулките. Некои снегулки достигнуваат дијаметар до три сантиметри!