Сигурно веќе сте ја виделе оваа фотографија со славниот физичар Алберт Ајнштајн во необична поза и со исплазен јазик. Можеби сте помислиле дека станува збор за една од бројните монтажи кои кружат низ интернетот и добиваат разни пригодни текстови и приказни, но вистината е потполно поинаква.
Што се случило и во која ситуација овој генијален научник се опуштил на овој начин?
Вистинската приказна е дека за 72 роденден на Ајнштајн неговите пријатели и колеги му припремиле голема прослава на 14 март 1951 година, а на истата присуствувале бројни гости и фоторепортери.
При крајот на прославата Ајнштајн бил прилично изморен. Но, ја објавил должноста и ревносно позирал за фоторепортерите.
На крајот еден од неговите пријатели се понудил да го пренесе до дома. И токму кога Ајнштајн влегувал во автомобилот, еден од репортерите му довикнал: Еј, ќе може ли уште една фотографија?
Фотографот Арт Сасе, кој го фотографирал, тврди дека Ајнштајн после тоа се свртел и го исплазил јазикот.
Фотографијата му се допаднала и на самиот физичар, кој од фотографот нарачал дури десет примероци, од кои некои ги искористил за испраќање честитки.
Алберт Ајнштајн бил роден во еврејско семејство во Улм, Виртемберг, Германија на 14 март 1879. Неговиот татко бил Херман Ајнштајн, продавач и инженер. Неговата мајка била Полин Ајнштајн (моминско презиме Кох). Во 1880, семејството се преселило во Минхен, каде неговиот татко и вујко формирале компанија, „Elektrotechnische Fabrik J. Einstein & Cie“, која произведувала електрична опрема.
Ајнштајнови не биле посериозни еврејски религозни верници, па затоа Алберт посетувал католичко основно училиште. Иако Ајнштајн имал рани говорни маани, тој сепак бил меѓу врвните ученици во училиштето.
Алберт Ајнштајн во 1893 (на 14 години), пред неговото семејство да се пресели во Италија.
Кога Ајнштајн имал пет години, неговиот татко му покажал џебен компас. Ајнштајн сфатил дека има нешто во празниот простор што ја движи иглата и подоцна изјавил дека ова искуство му направило „длабока и долготрајна импресија“.[7] На инсистирање на неговата мајка, тој земал часови по виолина на шестгодишна возраст, и иако не ги сакал и евентуално се откажал, подоцна многу уживал во моцартовите виолински сонати. Како што растел, Ајнштајн градел модели и механички направи од чиста забава, а почнал да покажува и талент за математика.
Во 1889, семејниот пријател Макс Талмуд, медицински студент,[8] го запознал десетгодишниот Ајнштајн со клучни научни, математички и филозофски текстови, вклучувајќи го делото на Кант Критика на чистата причина и евклидовите Елементи (Ајнштајн ја нарекол „малата света геометриска книга“)[8] Од Евклид, Ајнштајн почнал да разбира дедуктивно резонирање, и до дванаесетгодишна возраст, тој ја научил евклидовата геометрија. Веднаш потоа почнал да го истражува калкулусот.
Во неговите рани тинејџерски години, Ајнштајн ја посетувал прогресивната гимназија Луитполд. Неговиот татко имал намера тој да следи електрично инженерство, но Ајнштајн се судрил со авторитетните во училиштето и со школскиот режим. Тој подоцна напишал дека духот на учење и креативноста биле изгубено во стриктно учење на памет.
Во 1894, кога Ајнштајн имал петнаесет години, бизнисот на неговиот татко пропаднал и семејството се преселило во Италија, најпрвин во Милано, а по неколку месеци во Павија. За ова време, Ајнштајн го напишал својот прв научен труд, „Истражувањето на состојбата на етер во магнетни полиња“[9] Ајнштајн подоцна го напуштил Минхен за да го заврши средното училиште, но во пролетта 1895 година се повлекол за да се придружи на семејството во Павија, убедувајќи го училиштето да го ослободи користејќи медицинска белешка.
Наместо да го заврши средното образование, Ајнштајн одлучил да се пријави директно на ЕТХ Цирих, Швајцарскиот Федерален Институт за технологија во Цирих, Швајцарија. Без школско свидетелство, тој морал да положи приемен испит, во што не успеал, иако имал исклучително добри оценки во математика и физика.[10] Ајнштајн напишал дека во таа иста година, на 16 години, за првпат го извршил неговиот експеримент на визуелизација на патување паралелно со светлосен бран.
Ајнштајнови го испратиле Алберт во Арау, Швајцарија, да го заврши средното образование. Додека престојувал со фамилијата на проф. Јост Винтелер, тој се заљубил во нивната ќерка, Мари (сестрата на Алберт, Маја, подоцна се омажила со Пол Винтелер). Во Арау, Ајнштајн ја проучувал максвеловата електромагнетна теорија. Во 1896, тој матурирал на 17 годишна возраст, се откажал од своето германско државјанство за да ја избегне воената служба (со одобрение на татка си) и конечно се пријавил на математичката програма во ЕТХ. Мари се преселила во Олсберг, Швајцарија каде зела наставничко место.
Во 1896, идната жена на Ајнштајн, Милева Мариќ, исто така се пријавила на ЕТХ како единствената жена која студирала математика. За време на следните неколку години, Ајнштајн и Марич го развиле своето пријателство во романса. Ајнштајн завршил со студиите во 1900 од ЕТХ со диплома по физика.[11] Истата година, пријателката на Ајнштајн, Мишел Бесо, го запознала со работата на Ернст Мах. Следната година, Ајнштајн објавил статија во престижниот весник Annalen der Physik за капиларните сили на една сламка. На 21 февруари 1901, тој добил швајцарско државјанство, од кое никогаш не се откажал.
Ајнштајн студирал во Цирих на Eidgenössische Technische Hochschule од 1896 до 1900 година каде му е доделена учителска диплома. Во 1901 година станал државјанин на Швајцарија. По завршени студии Ајнштајн се вработува во Патентниот завод на Швајцарија. Ајнштајн докторирал во 1905 година со теза “Нов вид на воспоставување на молекуларни димензии” (“Eine neue Bestimmung der Moleküldimensionen”). Истата година напишал неколку студии кои ги имаат воспоставено темелите на современата физика. Неговите истражувања се дотолку импресивни оти немале обимни наводи во поранешната научна литература и представувале битен исчекор кон нови разбирања на физичките феномени. Три од нив, на темите на брауновото движење, фотоелектричен ефект и специјална релативност се од посебна важност бидејќи разјасниле набљудувања за кои што до тогаш не постоеле научни објасненија.
Ајнштајн станал светска позната личност по неговата формулација на теоријата на релативитетот во 1915 година. Неговата популарност има достигнато такво ниво што во секојдневниот говор зборот Ајнштајн претставува синоним за интелигентен или генијален. Последните години од својот живот ги посветил на изучување на обединувањето на теориите на гравитација и електромагнетизам.
Ајнштајн себеси се сметал за пацифист и хуманист, а кон крајот на животот и за демократски социјалист. Особено изразен бил неговиот пацифизам, при што Ајнштајн посебно ги почитувал погледите на Махатма Ганди.
Познато е неговото залагање за одбрана на човековите права, кое особено дошло до израз за време на макартизмот во САД. Кога истакнатиот црнечки лидер В. Е. Б. Дибуа бил обвинет дека е комунистички шпион, Ајнштајн сам се пријавил за сведочи во негова корист. Во таа прилика, Ајнштајн изјавил: „Расизмот е најголема болест на Америка.“ По објавата на Ајнштајн дека ќе сведочи во одбрана на Дибуа, обвинението против него било повлечено.
Најконтроверзен е ставот на Ајнштајн кон атомската бомба. Непосредно пред почетокот на Втората Светска Војна, на 2 август 1939 година Ајнштајн му напишал писмо на американскиот претседател Френклин Рузвелт, поттикнувајќи го да започне истражувања за пронаоѓање на нуклеарно оружје. Сепак, подоцна Ајнштајн се спротивставил на употребата на нуклеарното оружје и не учествувал во проектот за создавање на атомска бомба. По војната, Ајнштајн се промовирал како еден од најголемите критичари на нуклеарното оружје.
Ајнштајн бил и приврзаник на ционизмот. Во 1952 годинна, новосоздадената Држава Израел му понудила да стане втор претседател на земјата, но Ајнштајн ја одбил понудата, тврдејќи дека не поседува доволно способности за справување со луѓе.