Далибор Ѓошиќ го промовира своето најново видео за „Животе мој“

ИЗВОРСкопје24
|

Животот и љубовта, опеани во баладата „Животе мој“, со која нашиот пејач Далибор Даки Ѓошиќ настапи на „Роса Фест“ во 2014 година, доби и свој видео запис.

Во видеото, кое го работеше тимот на „Арт продукција“, учествува и синот на нашиот пејач, малиот Стефан.

– Оваа песна, иако е за прв пат отпеана на „Роса фест“ пред четири години, најверојатно поради нејзиниот текст и емоциите во неа пренесени и преку музиката, од ден во ден добива се повеќе убави коментари од љубителите на нашата народна песна. Ме радува фактот што, иако е поминато толку време, публиката ја бара оваа моја балада и ете конечно, заедно со мојот тим, одлучивме истата да ја екранизираме за да придонесеме уште повеќе да живее она што публиката го сака, вели Далибор за спотот на песната за која коментаритевелат дека е вистинска животна приказна на многумина.

Во ова видео, за прв пат Далибор се појавува со својот бенд, кој од сега, па натака, ќе го придружува на сите негови настапи во земјава и надвор од неа.