Даниел Кајмаковски се разведува од сопругата Кристина

ИЗВОРСкопје24
|

Победникот на “ Х- фактор“ и поранешен македонски евровизиски преставник Даниел Кајмаковски се разведува од неговата сопруга, манекенката Кристина Димитриевска, објави “Ексклузив“ на 1ТВ. Тие беа во брак од 2016 година.

2017 година му ја донесе најголемата радост на пејачот и на неговата сопруга Кристина, кои кон крајот на месец февруари ја добија најубавата улога во животот – станаа родители. Се роди Давид.

Даниел Кајмакоски е роден во Струга, поточно потекнува од населено место Мислешево.Победник е на регионалното шоу X Factor Adria и победник на Скопски Фестивал на кој беше избран да ја претставува Македонија на Евровизија 2015.

Кајмакоски е талентиран Македонец кој е роден во Струга, Македонија (Мислешево), но уште во својата 7 година заедно со своето семејство, заминал во Виена, Австрија.

Даниел учествувал во многу музички шоуа, прв пат кога учествувал во едно шоу имал 17 години и стигнал до топ 12, но сепак најмногу успех има постигнато во регионалното шоу X Factor Adria.