Познатиот актер неодамна го претстави својот нов филм, а во едно интервју откри кои актерки останале меѓу неговите омилени.
Британскиот актер Даниел Редклиф (32) се прослави како момче во филмовите за Хари Потер, а сега обожавателите го гледаат со Ченинг Тејтум (41) и Сандра Булок (57) во „Изгубениот град“. Даниел гостуваше во британското радио Capital Breakfast, при што зборуваше за кариерата, љубовниот живот и симпатиите меѓу познатите колеги.
– Камерон Дијаз и Дру Баримор се многу високо на таа листа – изјави Редклиф, на што водителот искоментира дека неговиот избор е прилично старомоден.На прашањето колку пари највеќе потрошил, не сакаше да одговори, но навести дека се работи за уметничко дело.
Актерот е во врска со Ерин Дрејк речиси една деценија.
– Имам навистина убав живот. Скоро една деценија сум со мојата девојка. Навистина сме среќни – изјави Даниел за People, додавајќи дека неговата девојка е голем обожавател на Сандра Булок со која глумеше во последниот филм.
– Таа ми рече дека морам да се согласам, немаше разговор за тоа, а јас навистина сакав.