Даниел Војновиќ човекот од кого се тресе цела Европа – го бараат со потерница

ИЗВОРСкопје24
|

Даниел Војновиќ е опасен и непредвидлив, предупредува германската полиција која ја прошири потрагата по него низ цела Европа.

Како што пишуваат германските медиуми, на 31-годишниот Војновиќ, кој потекнува од Србија и служеше затворска казна поради нанесување сериозни повреди, му беше одобрена посета на родителите, а за време на посетата избега низ прозорецот на неговиот родителски дом.

Посетата на Војновиќ на родителите му беше одобрена бидејќи отслужи една година од вкупно три години и осум месеци затвор.

Двајцата чувари кои беа задолжени за него тргнаа по него, но не успеаја да го стигнат. Тој избегал со автомобилот на неговите родители.

+++ Fahndung nach entwichenem Strafgefangenen +++#Werl – Die Polizei Bielefeld und die Staatsanwaltschaft Bielefeld…

Gepostet von Blaulichtreport-Deutschland am Donnerstag, 21. März 2019

„Ако го видите, не зборувајте со него. Повикајте нè веднаш”, порача полицијата.

owl24.de известува дека му било дијагностицирано дисоцијално растројство на личноста и дека му кажал на терапевтот дека ќе уништи неколку луѓе и ќе се врати во затвор. Од затворот пак, негираат дека најавил вакво нешто.

Војновиќ извршил повеќе кражби во Германија, а во затворот сериозно го повредил цимерот.