Данијела Мартиновиќ позираше без трошка шминка: „Го сакаме ова издание“

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Данијел Мартиновиќ (50) на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која позира без трошка шминка.

-Мојата пријателка Дорис и го зеде мобилниот телефон и рече: „Би сакала цел свет да те види како што те познавам од својата 14-та година – без шминка, насмеанa и среќна!’. Ова е дел од нашите убави моменти… Додо, ти ја исполнив желбата – напишала Даниела покрај фотографијата.

Инаку, фановите на Данијела можат да ја гледаат во натпреварувачката емисија на ХРТ „Звездите пејат“ каде таа е член на жирито. Пејачката редовно ги воодушевува гледачите со своите интересни модни комбинации. Да потсетиме, минатата пролет јавноста дозна дека на љубовта на Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо и дојде крајот по цели 24 години.

Раскинувањето не беше коментирано во медиумите, а неколку месеци подоцна Петар повторно најде љубов со Хана Хуљиќ. Грашо откри каков однос имал со Данијел – Овде се е чисто и јасно, останавме во добри односи. Не би знаел да коментирам или да кажам ништо за сите оние текстови кои се појавија во медиумите за нас во претходниот период. Ме интересираат коментарите на стручни луѓе. – рече Петар.