Данијела Мартиновиќ заплака пеејќи песна која Петар Грашо ја напиша за неа

|

Пејачката Данијела Мартиновиќ одржа голем концерт за Денот на жената, а на концертот присуствуваа многу личности, меѓу кои и Томаж Кавчиќ, пријателот на Данијела, а кум на Петар Грашо и Хана Хуљиќ.

Данијела Мартиновиќ приреди вистински спектакл за 8 март, а дека се беше совршено говори и фактот што сите билети беа распродадени за нејзиниот концерт.

Атмосферата беше одлична, но пејачката во еден момент ја обземаа емоциите, па заплака на сцената додека изведуваше песна за која е особено приврзана.

Таа не можеше да ги задржи солзите кога почна да ја пее песната „Јednu za ljubav“. Текстот на оваа песна го напиша Петар Грашо за неа, во 2015 година.