Даниловски предупредува: Пред да дојде новиот сој кај нас, маски, помалку гости во кафулињата и автобусите редуцирани

|

Повторно строго да се инсистира на носење маски во затворен простор и да се одржува растојание кое е преопрачано, а рестораните, кафеаните и клубовите, ако се влоши епиде*иолошката состојба доаѓа предвид и да се затворат, вели епидем*иологот д-р Драган Даниловски во разговор за Канал 5.

Сепак тој додава дека сега не е време за затворања туку да се направат ограничувања на бројот на гости во угостителските објекти. Даниловски зборува откако стана јасно дека во светот се шири новата мутација на болеста, за која се смета дека е позаразна.

“Јавниот превоз е проблем, јас одамна зборувам. Треба да се воведе скалесто работно време за да може да се редуцира бројот на автобусите. Училиштата да продолжат со настава во физичко присуство, а да се затвораат селективно, ако има некаде каде што ќе се надмине одреден број на заболени.

Ако се потврди дека овој сој дава благи симтоми нема да има потреба за загриженост дури и да биде 500 пати позаразен”, вели Даниловски за Канал5.