На социјалните мрежи често можеме да забележиме дека јавните личности ги разубавуваат своите фотографии пред да бидат објавени, но многу од нив претеруваат во обработката на фотографиите, поради што се мета на критики.
Пејачката Дара Бубамара често е предмет на критики поради фотографиите кои ги уредува во апликациите за разубавување, што беше случај и овој пат.
Таа со својата нова фотографија предизвика лавина од коментари. Дара на својата приказна објавила селфи, кое набрзо завршило на Твитер поради количината на фотошоп.
Најчести коментари беа дека претерала со фотошоп, дека го сменила личниот опис и дека не личи на себе.