Дара Бубамара за изгледот потрошила околу 45.000 евра: Пејачката го смени личниот опис, еве кои естетски третмани ги направила

ИЗВОРНов Лист
|

Новиот изглед на пејачката Дара Бубамара не престанува да ја интригира јавноста, а многумина се прашуваат колку пари дала фолкерката за сите естетски зафати.

Кога Дара Бубамара се појави на сцената во раните 1990-ти, таа беше русокоса девојка која пленеше со својата харизма.

Дара пред десетина години за прв пат стави силикони, а како што рекла неколку пати ги менувала.

– Често менувам силикони, пред се затоа што така треба. Слушам како некои колеги ме озборуваат, но можат само да плукаат под мојот прозорец. Ги следам светските трендови, има многу повеќе лажен морал – изјави Дара.

Пејачката пред 4 години ја изненади јавноста кога медиумите добија информација дека за нова насмевка искеширала 18.000 евра. Како што тогаш се зборуваше, Дара правела нови заби во Цирих, а се одлучила за клиниката во Швајцарија бидејќи имале најсовремени методи.

Бубамарата по сопствено признание ги надополнувала усните неколку пати, а последната корекција на усните, според пишувањата на медиумите, била пред неколку месеци, додека се забавувала со своето 20-годишно момче Тони. Се претпоставува дека Дара за усните низ годините дала околу 2.500 евра.

Дека се подмладувала сведочат и најновите фотографии на оваа фолкерка, па освен операција на носот, може да се забележи дека на лицето и вбризгувала ботокс, а на јаготките филери. Овие „мали“ козметички интервенции чинат околу 300 евра, а мора да се повторуваат на секои 6 месеци за лицето да изгледа негувано.

Операцијата на носот која Дара сама си ја дозволила, го променила личниот опис на пејачката, велат коментарите од социјалните мрежи.  Оваа процедура чини меѓу 4.000 и 7.000 евра во Турција.

Дара Бубамара е позната по тоа што често ја менува фризурата. Таа е една од првите пејачки која долго време носи кратка коса во разни бои.

Пејачката во последно време носи руса долга продолжена коса, а висококвалитетното природно продолжување на косата чини 5 евра по прамен, што значи дека Дара може да потроши над 1000 евра за надградба!