Пејачката Дара Бубамара често добиваше негативни критики на социјалните мрежи поради прекумерната употреба на фотошоп.
Таа сега објави серија фотографии на кои е непрепознатлива, што предизвика нов револт кај корисниците на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, Дара толку многу се „заиграла“ во фотошоп што буквално го сменила личниот опис и со тоа започнала нова лавина од коментари.
„Да не прочитав кој ја објавил фотографијата, немаше да знам кој е на сликата“, „Жено, сега претеруваш“, „Даро, дури и твоето семејство не би те препознала“, се само некои од коментарите под фотографијата што таа ја објави.