Пред еден месец, некогашниот победник на реалното шоу „Големиот брат“, кумановецот Дарко Спејко влезе во „Задруга 3“. Уште по самото влегување, една „задругарка“ односно Тара Симов му фрли око на Македонецот, но и веднаш се фрли во акција.
Имено, Дарко и Тара се “см*ваа“ односно имаа краткотрајна врска, а Тара истакна дека била со Спејко за да му направи маркетинг и тој да остане во реалното шоу. Од друга страна, Спејко истакна дека чувствувал симпатии кон девојката, но кога би знаел дека тоа го прави заради маркетинг тој немало да биде со неа. Меѓутоа, иако можеби се очекуваше Спејко да остане подолго време или пак повторно да победи, тоа не се случи. Имено, оваа недела номинарни беа Драгана и Дарко Спејко кој имаше најмал број на гласови.
Во борбата за останување на имотот беше организирана игра, а на победникот му се дуплираат гласовите. Победата во оваа игра ја однесе Драгана, а Спејко го напушти реалното шоу. По излегувањето од „Задруга 3“, Спејко беше гостин во студиото кај Душица Јаковљевиќ каде што проговори за неговото учество.
„Малку сум среќен што излегов. Ќе бидам искрен, не бев толку силен зад “црната маса“ како што очекував дека ќе бидам. И да останев, ќе останев уште еден месец. Во претходното реално шоу беше потполно различно“ вели Спејко. Спејко истакна дека не бил многу активен во реалното шоу и дека влегол во „Задруга “, во ерата на бремени жени.
„Влегов во „Задругас 3“ во ера на бремени жени, Миљана Кулиќ. Немав став. Влегов на денот кога се дозна дека е бремена, а излегов на денот кога замина на абортус. Таа тема беше повеќе актуелна. Немав став, но додека да се снајдам ми помина време. Ако ништо друго, убаво ми беше таму“ вели Спејко. Спејко проговори и за краткотрајната врска со Тара.
„И ги броев цигарите од причина зошто толку пуши, таа е млада девојка. Мислам дека Тара со тој коментар сакаше да привлече внимание, мислам дека и таа не го сфати злонамерно. Ние потсвено знаевме дека од тоа нема да биде ништо од тоа. Сепак, останавме во добри односи“ вели Спејко.
Спејко откри дека Тара му е фаворит во „Задруга“ и дека само треба да издржи. За потсетување, Дарко победи во „Големиот брат“ во 2015 година.
Вистина.мк