Кога се дозна дека Лиза Бонет и Џејсон Момоа се разделуваат, светот остана изненаден.
Нивниот брак важеше за еден од најстабилните во Холивуд, а на јавноста и е добро познато колку славниот „Аквамен“ ја сака својата сопруга.
Толку многу што го доби прекарот „најголемиот папучар во светот на шоу бизнисот“. Тажната вест ја објавија на профилите на Инстаграм со зборовите:
„Одлучивме да ја споделиме веста со јавноста дека се разделуваме.
„Љубовта меѓу нас продолжува да расте и да се развива на начин на кој сака. Се ослободуваме еден со друг за да станеме она што го учиме. На тој начин ги учиме децата на се што е можно“, стои во соопштението.
После тоа се шпекулираше дека на парот се вмешала и славната Амбер Херд, со која соработувала Момоа, на која Лиза и била љубоморна од самиот почеток, но за овие немало потврда.
Од паузата, Момоа спие во кампер паркиран во дворот на неговиот пријател, но сега, како што стојат работите, следеше пресврт.
Според „Холивуд Лајф“, актерот ја избришал објавата за раскинувањето, а извори блиски до парот тврдат дека тие решиле да и дадат втора шанса на љубовта.
“Џејсон се врати кај Лиза пред околу две недели и тие се повторно заедно. Решиле да поработат на проблемот наместо да се откажат бидејќи вложиле многу еден во друг”, рекол изворот.
Тој додаде дека нивните деца – Лола (14) и синот Накоа-Волф (13) се очигледно воодушевени што нивните родители дале уште една шанса за нивниот брак.
Да потсетиме дека Лиза е 12 години постара од Џејсон, а парот е вљубен од 2005 година.
“Мојата сопруга е многу софистицирана и паметна, а јас и нашите деца сме како животни на кои им треба подобра обука. Постојано работам на тоа и се трудам да станам подобар како татко и сопруг”, изјавил еднаш згодниот актер.
Момоа еднаш признал дека бил преплашен кога ја запознал сопругата и дека едвај собрал храброст да ја покани на состанок.
Можеби изгледам големо и цврсто, но не сум. Воопшто не сум како Кал Дрого. Не сум газда ни во мојата куќа. Апсолутно се плашам од жена ми. Имав само осум години кога видов ја на телевизија и и кажав на мајка ми дека ја сакам“, изјави Момоа за Men’s Health, а дали овојпат ќе успеат да ги надминат пречките, времето ќе каже.