“Јасмина и Бојан Симоновски од Прилеп како свадбен подарок добиле инстант лозови од повеќето гости на свадбата. Од инстант лозовите имало неколку со помали добивки но ЗЛАТНАТА РИПКА им донесе добивка вредна 100.000 денари. Пресреќни за својата СРЕЌА ПЛУС добивка ја посетија Државна лотарија и ја подигнаа својата добивка” – информираат од Државната лотарија на Македонија.
Пред извесно вреем и кавадарчанец доби 500.000 евра – падна најголемата лото добивка во историјата на Државна лотарија
Извлечените броевите 9, 11, 13, 21, 23, 25, 32 донесоа 7ка вредна 29.293.930,00 денари, соопшти државната лотарија на Македонија.
Ова е до сега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. 7ката во своите досегашни посети, беше по еднаш во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Мапата на среќни добитници на 7ка се збогати со нов град каде од денес е поголема вербата во среќата.
Првата 7ка на Лото 7 е прва 7ка во Кавадарци и 22рата 7ка од почетокот на приредување на играта на среќа Лото.