|
Од денеска, цените на голем број производи во просек се зголемуваат од два до 10 денари во зависност од производот. Трговците веќе почнаа да постапуваат по новата владина одлука за зголемување на ДДВ-то од 5 на 10%.
На листата се најдоа и сладоледот, гумите за џвакање, чипсовите и гумените бонбони. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи станува збор за производи кои се штетни за здравјето и не гледа причина зошто ДДВ-то да не се покачи. Но, на листата се најде и цвеклото, а Битиќи смета дека тука треба да има ревидирање на одлуката, но и за уште десетина производи.