Македонските православните верници во Италија кои се крстени или венчани од струмичкиот свештеник Боро Милчев се изманипулирани, информираат од МПЦ-ОА.
Тие потсетуваат дека свештеникот бил расчинет уште во 2021 година, а дека во меѓувреме пред Македонците во Италија се претставувал дека е расчинет само од Струмичката епархија, но дека служи со „благослов“ на самиот Архиепископ.
Ги информираме излажаните верници да го контактираат единствениот канонски свештеник на МПЦ – ОА во Пјаченца, отец Климент Мишањ, или пак, во епархиите на МПЦ – ОА во нашата татковина од каде што потекнуваат, да се крстат и венчаат во Православната Црква, оти не може во име на Црквата да прави ништо оној што отпаднал и е надвор од Црквата, како што е Боро Милчев. А, што се однесува до оние што свесно го креираат тоа расколничко дувло и го потпомагаат овој расколник, по соодветниот допис од Европската православна епархија на МПЦ – ОА, во нашата Црква ќе бидат третирани исто како и расчинетиот Боро Милчев, сѐ додека не се покајат и вратат во послушание кон МПЦ – ОА.
МПЦ уште еднаш ја објави одлуката и решението за расчинување на Милчев потенцирајќи дека се што направил тој во меѓувреме нема легитимност од Црквата односно децата што ги крстел остануваат некрстени, а венчаните остануваат невенчани.