Оваа година минувачите на една банка во Колорадо добија паричен подарок од неочекуван Дедо Мраз.
Дејвид Вен Оливер се одлучи на еден необичен чекор кој сеуште никому не му е јасен. Тој изврши грабеж во банката Академи која се наоѓа во Колорадо, но парите не ги зема за себе како што би направил секој друг крадец.
Оливер одлучи на еден чудесен начин да им го честита Божиќ на граѓаните, фрлајќи ги парите од стореното кривично дело низ улиците, извикувајќи „Среќен Божиќ“.
Веројатно станува збор за осамен човек кој нема со кого да ги помине празниците, а очигледно и има потреба да привлече внимание.
Доказ дека Оливер бестрашно и испланирано се одлучил на овој чекор е тоа што тој не се ни обидел да се сокрие пред да дојде полицијата.
Напротив, седел и ги чекал во најблиското кафуле до банката откако ожеднел делејќи пари по улица.
Минувачите кои биле сведоци на овој настан, банкнотите кои ги земале од улица веднаш ги вратиле во банката бидејќи сфатиле за што станува збор.