Дедо од Крушево стана интернет сензација- „Роналдо, да ги сакаш жените, јас ги сакам 90 години“ (ВИДЕО)

|

Крушевчанецот Ставре Топузовски, легендарен директор на Музејот на Крушево, испрати порака до фудбалерот Кристијано Роналдо, преку репортерката Глорија Марија од Глобо Репортер.

– Роналдо, сакам да ми пратиш една голема фотографија оти многу те сакам. Јас ќе се фалам: Еј, Роналдо ми прати. Јас ги сакам жените цел век, 90 години, и уште ги сакам. И Роналдо да ги сака. Жената е благословена од Бога, му порачува легендарниот Топузовски на фудбалската легенда Роналдо.

Погледнете ја и слушнете ја пораката од Топузовски на македонски и со превод на португалски.

https://www.facebook.com/MKnoBrasil/videos/1916964238407623/

Инаку, Џорџина Родригез е моментално девојката на Кристијано Роналдо. Таа пред некое време откри дека се сретнале во продавница за брендирана гардероба во Мадрид и на прв поглед се заљубувале. Таа тврди дека чувството било заедничко. Тоа беше во јуни 2016 година.

За прв пат, Роналдо го запознала во продавница на Гучи, каде што работеше како продавач- асистент.

“Неколку дена подоцна, се видовме на еден настан, а потоа можевме да зборуваме во релаксирана атмосфера надвор од мојата работна средина. Тоа беше љубов на прв поглед за двајцата “, рече таа во интервјуто за италијанскиот „Ел“.

Џорџина и Роналдо се во врска речиси три години и ја имаат ќерката Алан Мартин. Убавата бринета, исто така, се грижи за двегодишните близнаци Ева и Матеја и неговиот осумгодишен син, Кристијан Јуниор. Таа го опишува својот свет како идиличен. По будењето на децата, следи појадокот, игра со нив пред ручек. Во попладневните часови тој сака да спие, да оди во теретана или во спа, а денот најдобро завршува со телевизија.

“Нашата куќа е нашето светилиште, нашиот храм изграден со толку многу љубов”, рече таа.