Taљат Тони Селмани (82) на еден новинар му даде скоро обичен одговор како да се чувате од грип, но благодарение на тоа, преку ноќ стана една од најголемите интернет сензации во регионот.
Тони со своите изјави дека грипот не постои и дека пензионерите само се жалат, а не вежбаат стана исклучително познат, но тогаш е откриено дека бил познат и многу порано бидејќи, како што вели, бил првиот манекен во Југославија.
Сега повторно ужива во славата, а пред камерите граѓаните ги советувал како да вежбаат и да се хранат.
-„Tреба да јадете баш се – солено, слатко, горчливо, и луто. Се што ти бара организамот. Ако нешто не сакаш, тогаш немој да го јадеш бидејќи не ти одговара. Што не ти одговара, не е добро за здравјето. Треба да го слушате телото“ – рекол меѓу другото Тони.
Тој се осврнал и на луѓето кои велат дека не може да јадат благо бидејќи имаат шеќер.
-Па јади баклави, брате. Клинот со клин се избива-вели тој.
Кога луѓето му кажат дека јаде многу, тој им порачува: Па, јади ти, но истерај го тоа, брате. Секое утро, задолжително-порачал.
Dida Toni dijeli savjete o prehrani: 'Treba jesti baš sve – slano, slatko, gorko i ljuto!'
Dida Toni dijeli savjete o prehrani: 'Treba jesti baš sve – slano, slatko, gorko i ljuto!' Više na http://bit.ly/2Wl9iZK
Gepostet von 24sata am Samstag, 26. Januar 2019
Инаку, тој по националност е Албанец, а роден е во Вруток, Македонија и денес живее во Загреб, Хрватска.
Во младоста се занимавал со манекенство, а по видеото со кое се прослави, изгледа повторно ја добива истата улога и на 82 години, па има и нова фотосесија.
„Порано бев манекен, рекламирав облека, гел за коса, па дури и шампон за коса, а некогаш и храна за мачки и кучиња.“
Тој отсекогаш имал добар стил и по него се вртеле и жени и мажи, а денес повторно е во центар на вниманието со неговиот изглед и енергичност.
„Морате да вежбате, ако забележите дека ве напаѓа дебелината, веднаш почнете да вежбате. Можете да јадете што ви се јаде, слатко, солено, луто, но потоа веднаш одете на пешачење.“.
Покрај советите за здрав живот и виталност, Тони сподели и неколку совети кои го одржале до „златни години“:
„Никогаш немојте да се венчате, кога ќе влезете во брак, веќе сте полум*тви. А, уште кога ќе дојдат децата, тогаш веќе немате живот.“ – се пошегува тој и додава дека денес мажите се премногу нежни, па затоа има голем број разведени луѓе.
Со читателите тој споделил неколку совети за здрав и витален живот, кој самиот ги применувал. Наутро започнувал да вежба уште додека бил во кревет. Се миел со ладна вода, а потоа заминувал на вежбање. Секој ден вежбал околу три часа, поминувал доста време во природа, но исто така и медитирал. Јадел се што ќе посака, но умерено. Во последните неколку години не јадел месо, никогаш не пушел цигари, а секое утро пиел по една мала чаша ракија.
Dida Toni je hit! Pokazao nam je svoje omiljene vježbe kojima čuva zdravlje
Dida Toni je hit! Pokazao nam je svoje omiljene vježbe kojima čuva zdravlje
Gepostet von missZDRAVA am Mittwoch, 23. Januar 2019
Открил дека неговиот дедо, кој се грижел за него по смртта на родителите, умрел на 102 – годнишна возраст, ненадејно.
-Умре во еден ден, и тоа е начинот на кој и јас сакам да си заминам. Без некакви цевчиња во вратот, па да лежам со месеци во болница – раскажал пензионерот.
Негови омилени изреки се:
-Здрав дух во здраво тело
-Оделото го прави човекот
-Биди добар човек, оти злото со поголемо зло се враќа
-Љубовта, покрај здравјето е најважна во животот
-Добриот човек умира во еден ден
Неговите совети за здрав живот:
-Вежбај наутро уште во кревет
-Туширај се со ладна вода
-Тренирај, вежбај! Трчај, скокај, вежбај со справи. Вежбај дневно минимум три часа
-Медитирај, со умот зајакнувај го телото. Легни на кревет, стави ги рацете позади глава и чувствувај како мускулите работат
-Поминувај го времето во природа. Секоја тревка, секое дрво, секоја мува, се има душа и тоа мора да се почитува
– Јади што душата ќе ти посака. но, немој да претеруваш. Подобро да се фрли, отколку се да втераш во себе
– Болест не постои, се зависи од тебе