Дефектен далекувод во Бунарџик направи пожар во Пинтија – Детали за вчерашниот дефетот со струјата

|

Дефект на далекувод во економската зона Бунарџик го остави вчера цело Скопје без струја на речиси еден час, покажуваат првичните информации од МЕПСО за тоа што се случувало вчера со електричната мрежа во Скопје, кога беа регистрирани два дефекта и два пожари, едниот во Бунарџик, а другиот во Пинтија.

Од МЕПСО за Фокус објаснуваат дека дефектот на далекуводот во Бунарџик предизвикал пожар во трафостаница во Пинтија бидејќи тој далекувод бил поврзан со трафостаницата во Пинтија.

-Струјата на куса врска, на далекуводот за Бунарџик, на кој има дефект, може да достигне до 1.000 пати поголема вредност од струјата во нормална напонска состојба. За да се прекине таа струја, треба да се исклучи напојувањето. Таа се исклучува со помош на прекинувачи од двете страни на далекуводот.

Кога има таква ситуација, иако кратко, доволно ако на некое место има слабост, влага, магла, пареа од загревање да се пробие воздушната излација и да настане прескок кон земја. Тоа е највероватно причината што ја запалила сувата вегетација. Така се појави пожар на место оддалечено од дефектот, под истиот дефектен далекувод, објаснуваат од МЕПСО за Фокус.

Дефектниот далекувод предизвикал пожар во трафостаницата во Пинтија и цело Скопје остана без Струја.

Целиот текст прочитајте го на Фокус со клик ТУКА.