Дејана е најхрабрата девојка во светот: Девојката со крилја ги освои сите (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Дејана Бачко (22) години е девојката која го освои светот за многу брзо време. Дејана е родена без горни екстремитети, но тоа не претставува никаков проблем за неа да ги завршува секојдневните обврски, односно да ги измие рацете, да облече патики, да се нашминка – се ова го прави со помош на нејзините нозе.

Незамисливата сила и воља за живот ја прават Дејана толку посебна. Таа не се жали поради својата судбина, туку баш напротив своите слабости ги претворила во сила.

Нејзина голема љубов е таеквондото. Нејзиниот тренер има само пофални зборови за неа.

– Да тоа е Дејана Бачко. Ми се јави пред неколку месеци, ме додаде на фејсбук и така почна да тренира со нас и го покажа својот невиден талент. Нејзината волја и желба ги буткаат сите предрасуди и препреки. Чест ми е што работам со неа и со сите овие луѓе кои што ми покажаа мене, а и на сите нас дека во животот се е можно, кажа нејзиниот тренер Александар Андевски.

Дејана своето образование го завршила во Академијата за уметности во Нови Сад, и веќе докажала дека пречки во животот за неа не постојат.

– Својот најголем сон го остварив и станав сликарка. Покрај големата дискриминација и навредите во текот на растењето, успевав да пронајдам сила и да ги поминам сите тие пречки.Се обидувам да живеам нормално и да ги следам своите желби. Сакам да тренирам таеквондо и на сите им го препорачувам овој спорт – изјави младата Дејана.