Дејвид Гир: Во С.Македонија социјалното претприемништво е во својата почетна фаза

ИЗВОРТелма
|

На платото пред Центарот на социјални претпријатија во Скопје денеска се одржа петтиот по ред Фестивал на Цивика мобилитас чија главна тема беше „Враќање на граѓанскиот простор“, каде 100 организации ги презентираа своите активности и производи.

Саемот го отвори амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман која нагласи дека граѓанското општество нуди поддршка, им помага на јавните институции онаму каде што е потребно.

Евроамбасадорот Дејвид Гир во својот говор истакна дека во ЕУ социјалните претпријатија сочинуваат десет отсто од сите бизниси, а 13 милиони луѓе, што значи шест отсто од вработените во ЕУ, работат токму во социјалните претпријатија. Во Македонија социјалното претприемништво е во својата почетна фаза.