Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од 24.4.2023 година.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 68,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 29.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 41,437 (денари/килограм)