Празни рафтови за зејтин, брашно и леб во маркетите. По одлуката на владата да се тргне трговската маржа на овие три производи, граѓаните панично купуваат во големи залихи. Дел од трговците сами одлучиле да ја ограничат продажбата на овие произоводи – па така, во некои маркети може да купите само 2 литри зејтин. Пекарите велат – нема потреба од паника во магацините имаат доволни количини брашно за наредните месеци.
Одлука да се ограничи продажбата во маркетите не постои- велат од Министерството за економија за ТВ24. Повикаа граѓаните да пријават доколку се соочат со таков проблем.
Во одлуката нема законска можност за трговците да ограничат колку количини по потрошувач може да продадат. Државниот пазарен инспекторат е задолжен на терен да утврди дали кај трговците се почитува Одлуката на Владата.
Лебот, брашното и зејтинот треба да се продаваат по набавна цена, а маржите за трговијата на големо се намали на 4%, и 3% во трговијата на мало. Оваа одлука ќе важи до 31 мај. Пченицата, јачменот, пченката, пченичното брашно, семето од сончеглед и сончогледовото масло се забранети за извоз од земјава. Мерката е времена и ќе трае десет дена. Инспекторите на пазарниот инспекторат се на терен, вчера ги испорачаа и првите казни за 7 супермаркети.