Се додека учениците учат само да добијат оценки, а не знаење, ќе постигнуваат слаби резултати, смета професорот Људмил Спасов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во копје. Дел од студентите што се запишани на факултет, вели тој, не ја знаат азбуката.
Студенти не знаат да ги напишат буквите „ѕ“ и „џ“
Учениците во Македонија стагнираат во постигнувањата на меѓународни тестирања, а над половина од нив не ги развиваат основните компетенции кои им се потребни за успех во животот по завршување на нивното образование. Ова се дел од заклучоците во нацрт-извештајот на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој) за состојбите во основното и средното образование.
По направеното минатогодишно истражување, овие заклучоци би требало да станат дел од законите за образование. Хана Кичен од ОЕЦД смета дека земјава има добри планови на хартија, но тие треба да се операционализираат.
Резултатите на македонските ученици на ПИСА-тестирањата покажуваат стагнација, немање основни компетенции во математика, природни науки и читање. На меѓународно ниво истражувањата покажуваат дека најважниот фактор за квалитетни резултати е всушност квалитетната настава што помага во обликување на знаењата на учениците.
Треба да се навратиме дали наставничката професија се вреднува и дали ја добива соодветната поддршка за да имаме висококвалификувани и обучени наставници. Во земјите на ОЕЦД, клучна улога за оценувањето и евалуацијата имаат институции како Државниот испитен центар, Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат и тие треба да имаат ресурси и стручни компетенции, рече Кичен.
Ова истражување покажа дека дел од студентите не знаат да ги напишат буквите „ѕ“ и „џ“. Ова е пораз за сите, вели професорот Кирил Барбареев од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Овој пораз е резултат на тоа што образовниот систем не се заснова на стандарди. Политиката во изминативе 20 години нема визија за воспитно-образовниот систем и тоа, за жал, не им пречи и имаме секојдневно потонување во импровизации и волунтаризам. Сите многу добро знаеме дека никој не е задоволен од воспитно-образовниот систем, не се задоволни ниту наставниците, ниту родителите, ниту општеството, а најголемиот проблем е што системот создава генерации што не можат да се снајдат во животот. Денес во светот постојат многу примери за тоа што ги прави образовните системи успешни и кои се патиштата за создавање висококвалитетни образовни институции. На овие прашања многу држави веќе одамна имаат добар одговор. Најдобрата вест е дека денес има квалитетно знаење како да се подобри квалитетот во образованието. Најлошата е што политичарите можат да загубат на избори за прашања поврзани со образованието, но не можат да ги добијат изборите за образованието бидејќи резултатите ќе се видат многу подолго од нивното просечно владеење и нивниот поглед од жабјата перспектива“, вели Барбареев.
Сè додека учениците учат само да добијат оценки, а не знаење, ќе постигнуваат слаби резултати, смета професорот Људмил Спасов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во копје. Дел од студентите што се запишани на факултет, вели тој, не ја знаат азбуката.
Дел од студентите треба на табла да напишат реченица, збор или буква, прават грешки. Не знаат да ги напишат буквите што поретко се употребуваат, како ‘ѕ’ и ‘џ’. Ги пишуваат погрешно и одговараат дека тие така си ги пишуваат. Наидуваме на сериозен пропуст кој е направен од почетните одделенија и се провлекува до крај. Не дека е лошо што се спроведуваат нови програми туку треба да се приспособат кон оваа култура, рече Спасов.