Делови од Македонија утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на терен од страна на ЕВН

|

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, на ден 29.03.2022 година – вторник, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат дел од домаќинствата на дел од с.Туин, Србица, За Бериково, с. Поповјани,с. Јагол, с. Осломеј, Жубрино, Аранѓел, село Мамудовци, Лазаровци, Црвивци, село Стрелци, Шутово и Премка.

Исто така, без струја утре во одредени временски периоди ќе останат делови од Бутел, Гази Баба и Кисела Вода.

Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат жителите на улиците 30 и Љуботенски пат во општина Бутел, а од 9 до 11:30 часот корисниците лоцирани во просториите на „Стаклара” и објектот на ресторанот „Градина” и „Сардоникс” во општина Кисела Вода.

Во периодот од 09:15 до 11:45 часот без електрична енергија ќе останат жителите од улиците „Боро Тодоровиќ”, „Миодраг Илиќ”, „Интернационални Бригади” и улицата 158, како и дел од корисниците од улицата 519 и објектите на „Механика” и „Автогума” во Гази Баба. Од 11:45 до 14 часот без струја ќе бидат и објектот на „Автокаросерија” и корисниците од улицата 516 во општина Гази Баба.