ЈП „Водовод и канализација“-Скопје соопшти дека утре намален притисок во водоснабдувањето и можност за целосен прекин од 9 часот ќе имат корисниците од неколку улици во општина Гази Баба поради санација на улични дефекти во населбата Ченто.
-Со намален притисок и можност за целосно прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.„Методија Андонов Ченто“, „Финска“, ул.4 (Економија), „Радован Ковачевиќ“, ул.2 и ул.6 (Стајковци) и со целосно прекинато водоснабдување ќе биде ул. „Роман Каскалиевиќ“, информира претпријатието.
Прекинот односно намалениот притисок во водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектите.