Одговорете на овие едноставни прашања и ќе видите како стоите со логиката.
Иако делуваат едноставни, не се.
Пробајте да одговорите сами, па потоа видете дали ви е точен одговорот.
1. Човек излегол надвор по дожд без капа и чадор. Сепак, на неговата глава немало ниту едно мокро влакно. Како е можно тоа?
2. Такси возач оди во едносмерна улица во погрешна насока. Поминува покрај 12 полицајци и никој не го застанува. Во што е трикот?
3. Фудбалер ја шутнал топката и таа поминала три метри, по што му се вратила назад. Како се случило тоа?
Одговорите ги имате подолу, не ги ѕиркајте пред време
1. Човекот е ќелав.
2. Човекот оди пешки.
3.Топката ја шутнал нагоре.