|
Компанијата Тинекс МТ ДООЕЛ Скопје информира дека ниту Тинекс маркетите, ниту компанијата е во преговори со потенцијални купувачи, а уште повеќе дека дошло и до договор за купопродажба. Тинекс-МТ соопштува дека и понатаму останува со единствениот сопственик Владимир Тодоровиќ.
Ова соопштение Тинекс го испрати по вчерашната објава на порталот Шкипмедиа (Shqipmedia) со наслов дека е постигнат договор за купопродажба на ланецот супермаркети „Тинекс“ од страна на компанијата „Вива фреш“.
Оваа вест ја пренесоа многу македонски портали без да нè прашаат да ја потврдиме или демантираме веста и створија збунувачка атмосфера во јавноста, меѓу вработените и соработниците, соопшти Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје.