Таблата којашто вчера беше поставена на споменикот Воин на коњ, на која пишува дека припаѓа на хеленската историја, е експресно искршена, објави Нетпрес.
Јавноста остро реагираше на најавата дека според договореното од Преспанскиот договор, треба да се отстранат сите симболи Сонцето од Вергина а на споемниците како „Воин на коњ„ и „Олимпијада“ и уште неколку во неколку други градови, треба да се постават табли дека тие фигури припаѓаат на античката хеленска култура.
Откако вчера почна да се брише и сонцето на Вергина од градските шахти, како и од обележјата на јавните институции, објекти и јавните површини, се покренаа бура реакции кај дел од граѓаните.
Затоа, еден битолчанец, пак, според објавата на Фејсбук, решил да ги во врати сонцето од Вергина на шахтите.
„АЈ БРУСЕТЕ СЕГА!“- Е ПОРАКАТА НА ГРАЃАНИН НА БИТОЛА КОЈ СО ШАБЛОН И БОЈА ГО ВРАЌА СИМБОЛОТ ОД КУТЛЕШ НА МЕТАЛНИТЕ КАПАЦИ ОД УЛИЧНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ГРАДОТ.