Ден погоден само за рутински работи за раковите, овните не треба да играат на среќа – Дневен Хороскоп (14.02.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Немојте денес да играте на среќа, бидејќи таа нема да функционира баш најдобро. Приземјете ги вашите ставови. Во љубовта ќе почувствувате одбивање од страна на партнерот или ќе слушнете нешто што нема да ви се допадне.

Бик (21.04 – 21.05)

Имате впечаток дека бројни деловни обврски ве кочат. Нема да се чувствувате добро во деловното опкружување. Во љубовта тажни сте од некоја причина. Лесно ќе влегувате во депресивна состојба.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денот не е поволен ако се занимавате со недвижнини или продажба на земјиште. Поведете сметка за можни загуби. Доколку сте во брак ве очекува прилично тежок ден.

Рак (22.06 – 22.07)

Избегнувајте важни деловни преговори денес. Денот ќе биде поволен само за рутински обврски. Во љубовта лесно ќе влегувате во кавга со партнерот. Пристапете со смирен тон.

Лав (23.07 – 22.08)

Нема да донесете позитивни деловни одлуки, па затоа денес најдобро е воопшто да не носите никакви одлуки. Во љубовта ќе делувате незаинтересирано за партнерот, иако тоа не е вистина.

Девица (23.08 – 22.09)

Финансиите во моментов не ви се во најсјајна фаза. Потрудете се да не трошите премногу пари. Не сте сигурни во своите чувства и ќе се повлечете во себе, а тоа на партнерот многу ќе му пречи.

Вага (23.09 – 22.10)

Загрижени сте за деловната иднина бидејќи не можете да видите јасна слика од моменталните случувања. Почекајте малку пред да повлечете потези. Во љубовта ќе чувствувате несигурност, нема да верувате во партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Стравувате за својата финансиска стабилност. Можни се загуби. Поведете сметка за тоа. Во љубовта повлечени сте во себе, а тоа не одговара на вас, па партнерот ќе биде зачуден од однесувањето.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Потрудете се денес да не се впуштате во конфликти со надредените, можно е лошо да завршите. Во љубовта денес нема да имате време за партнерот, па ќе му го завртите грбот.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денот не е поволен за било какви процеси или формалности. Доколку ви е потребна некаква документација, почекајте поповолен период. Ви се допаѓа некое лице кое кон вас се однесува ладно.

Водолија (21.01 – 19.02)

Потрудете се максимално да и се посветите на работата. На моменталното работно место ќе ви бидат дадени големи шанси. Во љубовта можно е да се чувствувате малку осамено.

Риби (20.02 – 20.03)

Размислувате за некоја деловна соработка која уште одамна ви била предложена. Можно е да ја обновите. Сметате дека партнерот има претерано тежок карактер за некои работи и не можете да го промените.