Времето денес облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 20 л/м2) и проследени со засилен јужен ветер. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат.
Утре наутро понекаде во котлините ќе има појава на магла. Преку денот ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Од четврток не очекува променливо облачно со сончеви периоди. По котлините особено вдолж Повардарието претпладне со значителна ниска облачност. Ќе дува умерен југоисточен ветер, кој вдолж Повардарието ќе засилува.