Денес е празник на светите Јоаким и Ана, родителите на Пресвета Богородица

|

Споменот на светите Јоаким и Ана e поврзан со празникот од претходниот ден, со празникот на раѓањето на Богородица. По сите поголеми празници, се празнува споменот на непосредните учесници во настанот што ја сочинува содржината на големиот празник од претходниот ден.

Денешниот празник кој се однесува на родиелите на Богородица, Јоаким и Ана. Таткото на Јоаким се викаше Варпафир и беше родум од Јудиното племе, а потомок на царот Давид, а Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од Левиевото колено.

Тие ја добија ќерка си Марија, што значи измолена со солзи, на стари години, после 50 години брак и по нивните долги и топли молитви. Инаку, самите доживеаа длабока старост свети Јоаким се упокои на 80, а света Ана на 79 години.

Празникот на Свети Јоаким и Ана се празнува еден ден по Мала Богородица (Раѓањето на Пресвета Богородица) на 22/9 септември. Светата црква уште ги одбележува и Зачетието на Ана 22/9 декември и Успението на Св.Ана.

Овој празник меѓу народот се смета за полесен, па во некои краишта (Гевгелиско) не работеле само жените.

Именден празнуваат: Ана, Аника, Јана…