Според православниот календар денес е – Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

|

Денеска е 25 август по стариот, односно 7 септември по новиот календар и се слави Пренос на моштите на Св. апостол Вартоломеј. На овој ден се празнува преносот на моштите на свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 24 јуни.

Кога овој голем апостол беше поставен на крст во Албанопол Ерменски, христијаните го симнаа неговото тело и чесно го поставија во ковчег. А бидејќи на неговото вечно почивалиште се случуваа  многубројни чуда, особено исцеленија, заради што се зголемуваше бројот на христијаните, незнабошците го зедоа ковчегот со моштите и го фрлија во море. Во исто време фрлија и четири други ковчези со мошти на четворица маченици: Папијан, Лукијан, Григориј и Акакиј.
Божјата Промисла сакше ковчезите да не потонат, туку носени од водата допливаа, и тоа: Акакиевиот во градот Аскалус, Григориевиот во Калабрија, Лукијановиот во Месин, Папијановиот на друга страна во Сицилија, а Вартоломеевиот на Липарските острови. Липарскиот епископ Агатон преку едно таинствено откровение дозна за приближувањето на моштите на свети Вартоломеј до островите. Во таа прилика од моштите на апостолот се случија многубројни исцеленија на болни. Агатон со клирот и народот излегоа на брегот и го дочекаа ковчегот со голема радост. Моштите беа положени во црквата Свети Вартоломеј и лежеа таму до времето на Теофил Иконоборецот (околу 839 година), па бидејќи тогаш муслиманите ги загрозија Липарите, моштите на апостолот беа пренесени во градот Беневет.