Денес е Велики петок, најтешкиот ден во годината

|

Велики Петок — ден од Страдалната Седмица, христијански празник на денот кога е рас пнат Исус Христос. Овој ден е посветен на спомнувањето на осудувањето, Крстните страдања и заминувањето на Спасителот.

Велики петок се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жрва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.Времето на заминувањето и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира вечниот дом на Христос.

Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погр ебување придружено со звуци на тропала. Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскр есение.

Православниот канон за Великпеток предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.