Денес е Задушница: Запалете свеќа и сетете се на оние кои веќе не се со нас!

ИЗВОРСкопје24
|

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот ден Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на оние кои не напуштиле.

На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се заминати од овој свет, ги посетуваме нивните вечни почивалишта и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за заминатите роднини и пријатели.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за заминатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на заминатите и се молат за покој на нивните души.

На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на почивалиштата на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.

На Задушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спас на душата на заминатиот. Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што почивалишта се посетуваат.

Два дена порано, пред Духовден, на гробиштата се одржуваат т.н. отворени задушници. Се верува дека во тој период се „отвораат“ гробовите и може да се разговара со веќе заминатите. Обичај е на гробишта да се послужува храна за душа на оние кои не напуштиле.

Се верува дека во периодот пред и после овој празник владеат моќни енергии. Обичај е да се посетуваат манастирите, а особено тоа треба да го направат оние кои бараат простување на гревовите или лек за некој болест.

Од манастирите треба да се понесе осветена вода која во следната година обезбедува хармонија во домот.

Во некои краеви се верува дека тогаш е засилена и енергијата на оние кои прават разни растителни мелеми. Во минатото се верувало дека за да се заштитат од несреќа во овој период од годината носеле чешне лук или пелин во џеб, а дрвата ритуално ги кителе со подароци.