Денес ги славиме Преподобен Јован Ветхопештерник и Светата Матрона Московска

ИЗВОРНов Лист
|

Преподобен Јован Ветхопештерник

Се подвизуваше во т.н. Ветха (т.е. стара) Пештера или Лавра, на свети Харитон Велики во Палестина. Бидејќи со сето срце, со сиот ум, со целата своја душа Го возљуби Христа, од младоста почна да патува по светите места и да ги слуша поуките и советите на светите луѓе. Најпосле се насели во Харитоновата пештера, каде што се предаде на строг подвиг минувајќи ги деновите и годините во пост, молитва и бдеење, непрестајно размислувајќи учејќи. Крајот го најде како добро созреан плод и се пресели во Рајот. Поживеа и се упокои во 8 век.

Светата Матрона Московска


Родена е во 1881 година, во сиромашно селско семејство. Родена е слепа. Од раното детство покажуваше дарови на прозорливост и исцеление. Во седумнаесеттата година ѝ се одземаа нозете. Во 1925 година се пресели во Москва. Секојдневно Матрона примаше и по педесет луѓе кои доаѓаа при неа со душевни и телесни неволји. Никому не одби да помогне, но ги препознаваше оние кои доаѓаа со зли намери.