Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден, е посветен на настанот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на педесеттиот ден по Воскресението Христово, односно на десеттиот ден по Вознесението Христово.
За време на Својот земен живот, Спасителот повеќе пати им говорел на Своите ученици за доаѓањето на Утешителот, Духот на вистината, Којшто ќе го разобличи светот заради гревовите на луѓето, Којшто ќе ги научи апостолите на благодатниот пат на вистината и правдата и Кој ќе го прослави Христа. Пред самото Свое Вознесение, Исус го повторил Своето ветување за праќањето на Утешителот:
„Ќе примите сила кога на вас ќе слезе Светиот Дух“. После тие Негови зборови, учениците пребивале заедно и во молитва во исчекување на остварувањето на ова ветување Христово. Слегувањето на Светиот Дух се јавило со шум и над секој од апостолите се појавил огнен јазик. Тие се исполниле со Светиот Дух и почнале да говорат на различни јазици. Бидејќи сите Свети Таинства во Црквата се случуваат преку Светиот Дух, овој празник се смета за роденден на Црквата.
На овој ден, на некои места се организираат поворки во кои учествуваат најубавите девојки од селото. Тие претставуваат русалки, вили настанати од душите на поч*натите девојки и потпоените жени, закопани без пог ребни обреди. Верувањата велат дека русалките настојуваат да нанесуваат зло, особено на жените и сакаат да намамат жр тва до вода и да ја уда ват.
Оттаму постојат многу забрани и ограничувања, па приказната вели дека не е во ред да се спие преку ден, бидејќи русалките демнат на крошните од дрвата, па можат да наштетат во сон. Жените не треба да перат облека, да предат волна и да ткаат, ниту да завршуваат некакви домашни обврски.
Оној кој ќе дојде во контакт со русалките или ќе се разболи или ќе полуди. Затоа народот верува дека секогаш со себе треба да се има лук или пелин.