Денес го славиме Светиот апостол Филип

ИЗВОРНов Лист
|

Еден од дванаесетте апостоли. Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43). После слегувањето на Светиот Дух, Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција.

Во Фригискиот град Јерапол, свети Филип се најде на заедничка работа со свети Јован Богослов, со својата сестра Маријамна и апостолот Вартоломеј. Таму имаше некоја опасна змија, којашто незнабошците грижливо ја хранеа и ѝ се поклонуваа како на Бог.

На крстените, Вартоломеј им го постави за епископ Стахиј, когошто претходно тој и Филип го исцелија од слепило и го крстија. Стахиј беше слеп четириесет години.