Денес и утре летни температури

|

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе се засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степени.

Во недела пак, времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен долж Повардарието. Минималните температура ќе биде од 7°C до 16°C, а максималната од 23°C до 30°C.