ДЕНЕС И УТРЕ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 42°C – УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНА НЕСТАБИЛНОСТ, ОСОБЕНО ВО СРЕДА

ИЗВОРНов Лист
|

Продолжува периодот на претежно стабилно, суво и МНОГУ ТОПЛО време, а особено топло ќе биде денес и утре кога максималните дневни температури ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 42 степени.

Сепак во попладневните часови, не се исклучува можноста за ртка појава на нестабилност. Поголеми услови за нестабилност ќе има во среда кога ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ.

Ув индексот овие денови ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 8 и 9).

Помал пад на температурите на воздухот се очекува од четврток, кога ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.