Северозападна Европа оваа недела се подготвува за продолжението на летните горештини какви што владееја и кон крајот на месец јуни. Од Франција преку земјите на Бенелукс до Германија, метеоролошките служби веќе предупредија. Температурата во среда или во четврток повторно ќе достигне 40 степени целзиусови, а кон крајот на неделата ќе опадне. Британските метеоролози најавуваат дека ноќва, понеделник кон вторник ќе биде најтопла во историјата.
https://twitter.com/MetMattTaylor/status/1153219641428385793?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1153219641428385793&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F313942%2Fdenes-ke-bide-najtoplata-nok-vo-istorijata-evropa-se-podgotvuva-za-pekolni-denovi-i-nov-toploten-bran-a-eve-do-koga-ke-trae
Во Франција топлотниот бран би можел да потрае пократко од тој во јуни, каде што на 28-ми јуни беше срушен апсолутниот температурен рекорт во Верарг, на југ, каде што беа измерени температури од 46 целзиусов степен. Во четврток во Париз се предвидени 41 па дури и 42 степени целзиусови со голема веројатност дека ќе биде срушен рекордот од досега измерените 40.4 степени целзиусови во далечната 1947-ма година.
Француската престолнина прогласи четврт степен на одбрана од топлотниот бран кој предвидува отворање “сала за освежување“ во јавните објекти и поставување привремени јавни чешми и прскалки како и низа мерки наменети за повозрасните луѓе кои се најголемите жртви на летните топли бранови и кои само во Франција однесоа 15.200 животи. Четириесет степени целзиусови се очекуваат и во северна Италија, особено во Фиренца и Ферари. Југ и централна Европа овојпат ќе бидат поштедени од пеколните жештини. Во четврток жештините ќе се преселат во Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург). Австрија објавила портокалова фаза и предупредување за во четврток и петок, но само во западниот дел од земјата.
#Österreich: Heute wird es überall hochsommerlich warm bis heiß mit 27 bis 32 Grad. Für Details in die Länder/Bezirke. https://t.co/cBYB5u4FSt /CG
— Alpinwetter | kachelmannwetter.com (@Alpinwetter) July 22, 2019
Во Португалија ветровите и сушата ја отежнуваат борбата со пожарите која од саботата вечер ги зафатија планинските подрачја во средиштето на земјата.