ДЕНЕС КРАТКОТРАЈНА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО – ПА ПОТОА ПРОДОЛЖУВААТ ЧЕСТИТЕ ВРНЕЖИ, ДЕТАЛИ

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во државава ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој на некои места повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Потоа во следните денови, вклучувајќи ги и Божиќните празници времето ќе биде променлвиво со повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На планините врнежите ќе бидат од снег каде снежната покривка и понатаму ќе се зголемува.

Повремено ќе дува умерен, на некои места засилен ветер претежно од јужен правец. Температурите на воздухот и понатаму ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.