Денес на небото ќе се појави феномен што не е виден во последните 800 години

ИЗВОРНов Лист
|

На 21 декември на небото ќе се појави блескава точка која е предизвика од редок феномен. Јупитер и Сатурн ќе се доближат толку многу што ќе се однесуваат како да се судираат на ноќното небо. Кон крајот на 2020 година, Сончевиот систем „одлучи“ да нè израдува со новогодишно космичко чудо.

На 21 декември 2020 година (декемвриска краткоденица), ќе бидеме сведоци на нешто што не е видено во последните 800 години. Јупитер и Сатурн ќе се усогласат во своите орбити на таков начин што на ноќното небо, од некоја точка на Земјата, тие ќе се однесуваат како да се судираат и ќе создадат блескава точка на небото. Овој феномен е познат како „Витлеемска ѕвезда“ или „Божиќна ѕвезда“.

Порамнувањата на овие две планети е многу ретко. Тоа обично се случува еднаш во 20 години и обично поминува повеќе време додека дојде до нивното спојување, доближување.

– Овој спој, кој ќе се случи сега на 21 декември, е навистина исклучителен и редок поради толку блиското порамнување на овие две планети – потврди за Форбс Патрик Хартиган, астроном од Универзитетот Рајс. За време на овој настан, кој исто така се нарекува Голема конјукција, Сатурн ќе биде оддалечен 10 AЕ (астрономски единици) од Земјата, додека Јупитер ќе биде оддалечен 5 AЕ и ќе изгледа дека се помали од дијаметарот на полна Месечина.

За да бидете сведоци на оваа појава на 4 декември, погледнете го југозападниот дел на небото околу 45 минути по зајдисонцето. Планетите ќе бидат најблиску на 21 декември, но „Божиќната ѕвезда“ ќе биде видлива од каде било на Земјата во текот на целата четврта недела од декември. Следната голема поврзаност, толку блиску, ќе се случи само на 15 март 2080 година, затоа пробајте да погледнете низ прозорецот барем еднаш во овој период и да уживате во оваа прекрасна празнична атракција.