Денес наполнил 111 години, а на прашањето која е тајната на долгиот живот тој имал едноставен одговор

ИЗВОРСкопје24
|

Боб Вејтон е најстариот човек во Англија кој денес наполнил 111 години.

За магазинот The Mirror одлучил да сподели неколку совети за долг живот. На прашањето како да се доживеат неговите години, тој рекол:

“Избегнувајќи го умирањето – нема друга причина. Имав вообичаени стравови, грип, маларија, две или три операции. Требаше да бидам мртов, но преживеав, ако може така да се каже”, објасни Англичанецот.

Додаде и дека не сака да се нервира околу работи кои не се важни, а тоа можеби е и најдобриот начин за како да се дочека староста.

“Не ми се допаѓа тоа да бидам во центар на вниманието. Сакам да среќавам луѓе кои никогаш претходно не сум ги видел, тоа е едно од моите задоволства”, вели тој.

“Сакам да запознавам луѓе кои биле на различни места и кои разбираат што значи да се биде човек”, додава тој. Боб е роден на 29 март 1908 година, има три деца, 10 внуци и 25 правнуци.