Денес не очекува сончево и топло време – Од утре голема промена

ИЗВОРНов Лист
|

Времето денес сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени. УВ=7


Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно, локално со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T= 26 °C, P= 984 hPa, U= 48 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Утре не очекува сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. УВ=7

Утре ќе има изолирана појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно и топло, а во деновите од викендот ќе има појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.