Денес подарете мартинка за љубов, здравје и среќа

ИЗВОРНов Лист
|

На 1 Март се прави и подарува Мартинка, висулец од засукани конци кој се дава за среќа.

Мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа. Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци.

Мартинките се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен и по нив се гадае. Ако после еден месец под каменот има мравки, годината ќе биде береќетна.

Март е месец кога започнува пролетта и кога Сонцето преминува од Јужната на Северната полутопка. За многумина март е омилен месец, затоа што започнува затоплување на времето и будење на природата.

Март го добил своето име според римскиот бог Марс. Овој бог, за римјаните бил втор по важност, веднаш по Јупитер, кој е негов татко. Март е наречен по богот на војната, затоа што во тој период започнувала работната година за војниците. Во текот на зимата не се воделе борби и сите воени активности почнувале токму во месец март.

Марс е татко на Ромул и Рем, основачите на Рим.